Министерството за здравство пријави најмала бројка нови случаи на коронавирус во последните 30 дена, додека се очекува Владата да донесе одлука за олеснување на полицискиот час.
- Во последните 24 часа се регистрирани само седум позитивни теста, најмалку во еден ден од 19 март, додека пред само пет дена ги имаше 107.
- Меѓу нив ниеден не е во Скопје, туку три во Тетово и по два во Куманово и Кочани.
- Вкупната бројка заразени досега изнесува 1.231.
- Седумдесетгодишен жител на Лабуништа е најновата жртва на коронавирусот во Македонија, со што досега починаа 55 лица.
- Излекувани се уште 24 пациенти, вкупно 224.
- Согласно новата одлука на Владата, општата забрана за движење отсега ќе биде на сила од 19 до пет часот во работните денови, а за викенди ќе почнува во сабота во 13 часот и ќе трае до пет часот наутро во понеделник.
- Лицата над 67 години ќе можат да излегуваат од осум до 12 часот, а малолетниците од 13 до 16 часот.
- Владата предложи задолжително носење заштитна маска во сите затворени простори, како и на отворен простор каде што не може да се држи растојание од два метра, како на пазари.
- На светско ниво надмината е границата од 2,5 милиони заразени, а починале речиси 175.000 луѓе.