Кокосови Острови е самоуправна територија на Австралија која има само 600 жители и е едно од најзафрлените места на светот, но една научна експедиција пронашла 414 милиони парчиња пластика на нејзините плажи, нагласувајќи ги димензиите на загадувањето со пластичен отпад.

На локалното население би му требале 4.000 години да насобере олку отпад

Резултатите од студијата се објавени во магазинот „Нејчр“ и во неа се вели дека поморските научници таму пронашле 238 тони пластичен отпад, вклучувајќи 977.000 обувки и 373.000 четки за заби.

Зафрлените острови со мала популација се најефективниот показател за количеството пластичен отпад што плови во океаните. Тие ни испраќаат предупредувања дека мора итно да реагираме“, вели главниот автор на студијата, Џенифер Лејверс од Универзитетот Тасманија.

Истражувањето покажало дека количеството отпад закопан десет сантиметри во песокот е 26 пати поголемо од она видливото.

Тоа значи дека драстично сме го потцениле нивото на акумулирање отпад“, додаде Лејверс.

Најголем дел од пластиката пронајдена на Кокосови Острови била онаа за еднократна употреба, како шишиња, прибор за јадење и кеси.

За жал, ова не е уникатна ситуација. Вакви количества отпад се забележани на острови и крајбрежни предели од Арктик до Антарктик. На локалното население би му требале 4.000 години за да насобере толку отпад“, вели Лејверс.