НАУЧНИЦИ СОЗДАЛЕ ЕМБРИОН НА РЕЧИСИ ИСЧЕЗНАТ ВИД НОСОРОГ ОД КОЈ СЕ ОСТАНАТИ САМО ДВЕ ЖЕНКИ

Јоханезбург, (АП)

Истражувачи објавија дека создале уште еден ембрион на речиси исчезнат северен бел носорог, во глобален обид да се зачува овој вид. На цел свет се останати само два примерока, и тоа двете женки.

Ова е трет ембрион создаден во лабораторија од јајца земени од женка и потоа оплодени со замрзната сперма на мртов носорог. Ембрионите се чуваат во течен азот и во наредните месеци ќе бидат вметнати во сурогат мајка – јужен бел носорог.

Неверојатно е што со помош на наука успеавме да го вратиме од мртви овој подвид“, изјави министерот за див свет на Кенија, Наџиб Балала.

Во проектот учествуваат конзерватори од Кенија, Германија, Чешка и Италија. Крајна цел е создавање на стадо од најмалку пет животни, кои потоа ќе се преселат во свое природно живеалиште во Африка, но тоа би можело да потрае неколку децении.

Двете преостанати женки на северен бел носорог Наџин и Фату живеат во Кенија. Последниот машки примерок Судан, кој своевремено имаше и профил на Тиндер, умре во 2018 година од старост.