„Нетфликс“ го објави трејлерот за вториот дел на „Бунтовна месечина“ (Rebel Moon), неговиот најскап филм за 2023 година. Премиерата е закажана за 19 април 2024.
Филмот е епска авантура поделена на два дела и ја следи Кора, поранешен војник на вселенска империја. Кора се обидува да се искупи за своето минато помагајќи им на земјоделците кои биле нападнати од империјата затоа што им продавале храна на бунтовниците.
Иако многумина го чекаа излегувањето на новиот филм на Зeк Снајдер, првите критики не ветуваат. Критичарите му дадоа оценка од само 23%, а публиката 66%.
Во интервју за „Тотал филм“, Снајдер појасни зошто го поделил филмот на два дела.
„Во првиот дел поминуваме време со луѓето во селото, развивајќи односи со нив и местото. Кога ќе дојде вториот дел, ќе можеме да се грижиме за нив за време на борбите“, рече режисерот.
Во главната улога е Софија Бутела, а се појавуваат и Ентони Хопкинс, Чарли Ханам, Михиел Хаусман и Џимон Хунсу.