ОРЛАНДО БЛУМ СЕ ЗАБИ ВО ЅИД СО ФОРМУЛА Е

Маракеш, (Си-Ен-Ен)

Се бореше со орките од Мордор и го вкрсти мечот со пиратите на отворено море, но холивудскиот актер Орландо Блум се измачи да се справи со болидот од Формула Е за време на неодамнешното патување во Мароко.

Ѕвездата на „Господар на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ беше во Маракеш за трката со електрични болиди со неговиот колега Леонардо ДиКаприо за да го прослават неговиот 41. роденден.

По ветувачкиот старт, Блум ја загуби контролата на возилото и се заби во ѕидот на патеката, при што го изгуби носот на автомобилот.

Сезоната во Формула Е продолжува со трка во Сантијаго, Чиле овој викенд.