ПАРКОТ ТИВОЛИ И ДРУГИ ПРОСТОРИ ВО КОПЕНХАГЕН ПРЕТВОРЕНИ ВО ПРИВРЕМЕНИ ГРАДИНКИ НА ОТВОРЕНО

Копенхаген, (Лонли планет)

Данска беше прва држава во Европа која повторно ги отвори градинките и дел од основните училишта, но во услови кога мора да се почитува мерката на социјално дистанцирање, во училница може да има ограничен број на деца.

Затоа една од препораките беше што повеќе настава и играње на отворено и властите на Копенхаген имаа решение за тоа. Во периодот кога градските атракции се затворени за посетители, тие привремено се претворени во градинки за деца од три до шест години. Меѓу јавните простори кои им се отстапени на децата се забавниот парк Тиволи, зоолошката градина, Националниот музеј на Данска и стадионот на ФК Копенхаген.

Среќни сме што можеме да подадеме рака и што ги отворивме нашите врати за децата. Имаме многу простор и реквизити во паркот што моментално не се користат. Додека не се отвориме повторно за посетители, убаво е што можеме да им овозможиме на децата да имаат убав ден“, изјави Ларс Либст, директорот на Тиволи, вториот најстар забавен парк на светот.