Кината и филмот меѓу првите настрадаа во пандемијата на коронавирусот.

Еден иновативен нов проект во Германија го редефинираа поимот „домашно кино“, поврзувајќи ги локалните заедници во времето на изолација преку моќта на филмот. Проектот „Windowflicks“ организира проекции на филмови на фасадите од згради во Берлин, во што можат да уживаат цели станбени блокови.

(Фото: Гети)

Нашата идеја беше да покажеме дека луѓето не мора да бидат врзани само за дигитални екрани, туку можат да отворат прозорец и заедно со цело маало да гледаат нешто“, вели еден од организаторите на „Фасадното кино“, Олаф Каркхоф.

Берлинците можат да испратат мејл и да закажат проекција во своето маало. Единствениот услов е да живеат во блок во кој филмот во исто време ќе може да се гледа од барем 20 станови.

(Фото: Гети)

Би сакале во исто време да одржиме над 100 проекции низ цел Берлин и притоа да има и концерти. Сакаме сите да имаа пристап до култура во овие тешки времиња“, вели Каркхоф.