Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова ќе се соочат во вториот круг на претседателските избори, што ќе се одржи на 5 мај.
Во една од најтесните изборни трки досега, но и со најниска излезност, Пендаровски победи во првиот круг со разлика од само неколку илјада гласови.
- Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и неговите коалициони партнери, освои 323.846, односно 42,85% гласови.
- За Гордана Силјановска-Давкова (ВМРО-ДПМНЕ) гласаа 319.240 избирачи (42,24%).
- Блерим Река (Алијансата на Албанците и Движење Беса) освои 79.915 гласови (10,57%) и со тоа не успеа да влезе во вториот круг.
- Излезноста во првиот круг беше 41,82%, односно на изборите излегле 755.816 гласачи.
- Бројот на неважечки гласачки ливчиња е 32.828.
- Вториот круг на изборите ќе се одржи на 5 мај.