„ПЕТ+ БЕНД“, ДИЏЕИ И ШЛАГЕРИ – МАКЕДОНИЈА СЛАВИ 27 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во дворот на Владата, ќе се одржи забава за Денот на независноста на Македонија, 8 Септември.

Прославата почнува во 18 часот со концертот на „Пет + бенд“, а во 19 часот следи диџеј сетот на Огнен Узуновски-Оги.

Пејачките Тијана и Тамара, во придружба на Македонската филхармонија, од 19.30 часот ќе ги изведат најубавите македонски шлагери.

Во 20.30 часот, Филхармонијата, под диригентство на Џијан Емин, ќе ја изведе музиката на еден од најдобрите светски диџеи Хуан Аткинс (САД), а во оркестрација на Емин. Овој проект премиерно беше изведен летово во Антички театар во Охрид.

Вечерта ќе ја затвори диџеј Феки Фарис.