ШЕСТМИНА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бројот на починати од КОВИД-19 во Македонија се зголеми за шест во последните 24 часа.

  • Откако синоќа беше објавено дека починале двајца кумановци на возраст од 52 и 53 години, министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди уште три смртни случаи.
  • На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починале и 81-годишна штипјанка, 65-годишна пациентка од Лабуништа и три години помлада жителка на тетовското село Челопек.
  • Институтот за јавно здравје попладнево информираше за починат пациент од Скопје (45), чиј позитивен тест на коронавирус беше потврден од Ветеринарен факултет.
  • Во Македонија досега има 27 починати од КОВИД-19.
  • Регистрирани се и 29 нови случаи на коронавирус, од кои 15 во Скопје, седум во Куманово, по три во Струга и Кочани и еден во Прилеп.
  • Македонија сега е на бројката од 599 заразени, вклучувајќи и 30 излекувани.
  • Глобално, бројката заразени се ближи кон еден и пол милиони, од кои починале речиси 80.000, а заздравиле речиси 300.000.