Најдобрите светски архитекти честопати сакаат да ги поместуваат границите. Понекогаш, критичарите го фалат крајниот резултат како впечатлив, но радикалниот дизајн може да предизвика и негативна реакцијa. Ова се седумте најгрди згради во светот според „Дејли паспорт“.
„Зградата чудовиште“ во Хонг Конг (фото) како што ја нарекоа локалното население не е една, туку пет згради групирани заедно. Изградени во 1960-тите, овие густо преполни станови беа направени поради потребата за домување за брзо растечката популација но, како што тврдат некои критичари, со малку внимание на естетиката.
Музејот на поп култура во Сиетл, Вашингтон привлекува потсмев и воодушевување подеднакво. Починатиот Херберт Мушамп, архитектонски критичар за „Њујорк тајмс“, рече дека изгледа „како нешто што е извлечено од морето, се превртело и умрело“.
За зградата „Селфриџис’ во Бирмингем, Англија која завршена во 2003, мислењата беа поделени. Едни рекоа дека е иновативно парче архитектура а други дека е чудовиште што ќе го загрози англискиот регион западен Мидленд во наредните децении.
Една од „најгдрите згради е и Техничкиот колеџ Аојама во Токио, Јапонија. Оние на кои не им се допаѓа зградата на колеџот во областа Шибуја во Токио, велат дека така би изгледало ако вкрстете бубашваба со робот
Критичарите за зградата на Ј. Едгар Хувер во Вашингтон велат тдека припаѓа на оваа листа. Овој дом на седиштето на ФБИ, чинеше 126 милиони долари за изградба, надминувајќи го буџетот до моментот кога беше завршена во 1974 година. Во својот водич за архитектурата на Вашингтон од 2006 Американскиот институт за архитекти (АИА ) го опиша како „насилникот од соседството“.