Култната стрип едиција „Лунов Магнус стрип“, со која пораснаа бројни генерации во поранешна Југослација, е возобновена по речиси 30 години од страна на белградскиот издавач „Голконда“. Првото издание симболично го носи бројот 999.
„За нас претставува голема чест и обврска што продолжуваме таму каде што во 1993 година застана новосадскиот издавач ‘Дневник‘. Секој први во месеџот на трафиките ќе ве очекува нов број (или два) со препознатливите дизајн и опрема. Плејадата јунаци ја предводи Велики Блек, и тоа епизода која пред 30 години требаше да се појави во несудениот број 999“, вели Бојан Ризниќ, уредникот на „Голконда“, кој пред три години почна да објавува стрип албуми и книги.
Првиот број од оригиналната едиција „Лунов Магнус стрип“, насловен „Лун, кралот на полноќта“, излезе во 1968 година. Покрај Велики Блек, главни ликови во едицијата беа и Кит Телер, Мистер Но и Кен Паркер, а стриповите достигнуваа тиражи од стотици илјади примероци.
Првиот број од возобновениот „Лунов Магнус стрип“ во Македонија дојде преку книжарницата „Бункер“.