Во Македонија утре на полноќ завршува вонредната состојба воведена поради кризата со коронавирусот, иако бројката новозаразени и натаму останува трицифрена.

  • Педесет и тригодишна скопјанка и 60-годишна тетовка починаа од КОВИД-19, кој досега однесе 171 живот во земјата.
  • Во изминатите 24 часа се регистрирани 164 случаи на коронавирус (од 1.045 тестирања).
  • Повеќе од половина од нив се во Скопје (85), па следуваат Куманово со 24 и Тетово со 18.
  • Во Македонија досега има 3.701 заразено лице, од кои 1.694 оздравеле.
  • Бројката активни случаи порасна на 1.836.
  • По речиси три месеци, утре на полноќ завршува вонредната состојба откако претседателот Стево Пендаровски кажа дека нема потреба од нејзино продолжување, додавајќи дека неговата одлука нема врска со изборите.
  • Вонредната состојба првпат беше прогласена на 18 март и потоа уште трипати беше обновена.