Поетесата Христина Деолска и сатиричарот Миле Ѓорѓијоски ја објавија книгата „На иста адреса“, спој на поезија и афоризми. Поезијата е на Деолска, а Ѓорѓијоски инспириран од поезијата напиша афоризми во тој дух.
Промоцијата е на 13 јуни во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница во 12 часот. Промотор е поетот, актер и публицист Доне Донев.
„На секоја нејзина песна на следната страница одговарам со афоризми. Книгата може да се доживее како разговор помеѓу поет и сатиричар, каде секој разговара на својот јазик. Во книгата има 39 песни и 195 афоризми. Христина на темата време ѝ приоѓа емотивно, тажно, рефлексивно, понекогаш навидум и со чувство на безнадежност. Од другата страна, јас со моите афоризми правам обид читателот да го вратам на земја, во реалниот свет. Тоа е свет кој не е баш најдобро место за живот, но може да се поднесе кога е обоен со иронија и сарказам, со сатиричен приод, после што ни останува насмевката, макар и горчлива“, пишува Слободан Р. Мартиновиќ, српски поет и рецензент на книгата.
Т. ЈОВАНОВСКИ