Поларна светлина или аурора бореалис, еден од најфасцинантните природни феномени, вчеравечер и ноќеска можеше да се набљудува и од балканските простори, што се смета за исклучително ретко.

Во Европа, оваа појава е карактеристична за скандинавските држави, Исланд, Русија и Велика Британија, но овојпат беше видлива и од неколку локации во Германија и Холандија, како и од Хрватска, Србија и БиХ. Во Србија, црвената светлина е снимена на небото над Војводина, а во Хрватска беше видлива од Загреб до Далмација.
Научниците очекуваат поларната светлина оваа година да биде посилна отколку во последните десетина години поради пораст на активности во Сонцето.
(Фото: Крометео)