ПОЛСКИОТ ПИСАТЕЛ БЕРЕНСЕВИЧ ДОЈДЕ ВО ВЕЛЕС ДА ГО ПРОМОВИРА РОМАНОТ ЗА МЛАДИ „ШЕПОТЕНО“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Полскиот писател Павел Беренсевич го промовираше македонското издание на неговата книга за млади „Шепотено“ во Европска куќа во Велес. Книгата се најавува како напнат и неизвесен роман за тинејџери кои се нашле во мрежа на лажни вести и тролови.

„Книгата не е поврзана со велешките млади и лажните вести, туку зборува за средношколци од Варшава кои преку рекламирање и делење шарени летки за разни производи, односно ширење лажни вести бараат начин да соберат пари за да присуствуваат на финалето на Лигата на шампионите“, кажа Беренсевич на промоцијата.

Авторот вели дека не е писател кој сака да ги поучува читателите и не сака децата да извлекуваат поуки или морали од книгата, туку сака да ги остави да размислуваат.

Книгата „Шепотење“ е во издание на „Бата прес“.

П. ПЕЧКОВ