Во 2017 година, бројот на фалсификувани евра пораснал во споредба со претходната година, објави Европската централна банка од седиште во Франкфурт.
Полицијата, продавниците и банките повлекле околу 694.000 фалсификувани банкноти од оптек, 1,5 проценти повеќе од 2016 година.
Лажните пари имале вкупна вредност од околу 36 милиони евра.
Најчесто фалсификуваната банкнота била онаа од 50 евра. Затоа во април минатата година се воведе нова подобрена верзија на истата за повисоко ниво на безбедност. Во првата половина на 2019 година во оптек ќе бидат пуштени и нови банкноти од по 100 и 200 евра.