„ЕХО ОД ХЕРАКЛЕЈА“, КОНЦЕРТ НА МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ И КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА БИТОЛА НА 15 ЈУЛИ

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

„Ехо од Хераклеја“ е насловен концертот на Миле Кузмановски и Камерниот оркестар на Битола, кој ќе се одржи на 15 јули во Хереклеја во Битола од 20:30 часот.

„Публиката ќе има можност да ги слушне безвременските хитови во едно поинакво издание, а Миле Кузмановски ќе биде придружуван од камерен оркестар. Тој и оркестарот заедно ќе направат битолска приказна што ќе се памети“, велат организаторите.

„Особено се радувам што ќе пеам во еден таков магичен простор како Хереклеја со моите пријатели од Камерниот оркестар на Битола, со кои имав одлична соработка на скопскиот концерт лани“, вели Кузмановски.

Фолк-пејачот најавува и гости, кои засега остануваат изненадување. Билетите можат да се купат на yournextevent.info.

Ж. ЗДРАВКОВСКА