Дина Јашари ќе отвори уште еден голем концерт во организација на „Авалон“.
Откако лани ја загреваа публиката пред концертот на „Масив атак“ во Градски парк, Јашари и нејзиниот бенд ќе настапат и пред „Дјуран Дјуран“ на концертот што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 2 јули.
Ова е ново признание за една од највпечатливите нови авторки на регионалната сцена, која минатата година го објави својот деби апбум „Растенија без корен“, а претходно ја доби музичката награда „Милан Младеновиќ“.
Фото: СМАРТ СДК.МК