Триесетгодишно португалско куче е прогласено за најстаро познато куче на сите времиња од страна на Гинисова книга на рекорди, соборувајќи го рекордот кој важел повеќе од 80 години. Боби е чистокрвен рафеиро до алентежо, раса чиј просечен животен век е меѓу 12 и 14 години.
Претходното најстаро познато куче беше Блуи од Австралија, кое угинало во 1939 на возраст од 29 години и пет месеци.
На 1 февруари, Боби имаше 30 години и 226 дена и неговите сопственици велат дека добро се држи со оглед на возраста. Таа беше потврдена од Националната унија на ветеринари на Португалија.
Боби цел живот живее со семејството Кошта во селото Конкеирош близу западниот брег на Португалија.
„И мајката на Боби живееше долго, 18 години. Годините земаат данок, па Боби сега има проблеми со движењето и видот“, вели Леонел Кошта, кој имал само осум години кога Боби се родил.