ПОСТОЈАНАТА ПОСТАВКА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ ДОСТАПНА ВО ВИРТУЕЛНА ТУРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националната галерија на Северна Македонија објави виртуелна варијанта на својата постојана поставка, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам. Галеријата ги затвори своите изложбени простори во согласност со препораките на Владата поради ширењето на коронавирусот.

Виртуелната варијанта е достапна преку VR платформата https://my.matterport.com/show/?m=seBXUrNdika.

„Покрај оваа можност, нашиот тим постојано размислува за нови виртуелни опции за анимација на својата публика, а почна да нуди и бесплатно симнување на дигитални форми на каталози и монографии од наши досегашни изложби, проекти и активности, секако во издание на Галеријата. Наскоро најавуваме и виртуелни описи и презентации на дела од нашата богата колекција, презентирани од нашиот стручен кадар“, велат од Галеријата.