Играчите и директорите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се согласија да им бидат намалени платите додека трае кризата со коронавирусот. Германските фудбалски гиганти соопштија дека на овој начин сакаат финансиски да им помогнат на останатите вработени во клубот.

Фудбалерите на Унион Берлин, кој е 11. на табелата, кажаа дека се откажуваат од платите во целост. Во Баерн и Борусија, платите ќе бидат намалени за 20%, со што ќе бидат заштедени десетици милиони евра.

Бундеслигата е во прекин од 8 март и не се знае кога ќе продолжи, откако пандемијата на коронавирусот го парализираше спортот во целиот свет.

Во Германија има повеќе од 30.000 заразени, како и 149 починати од КОВИД-19.