ПРЕВЕДЕН НА МАКЕДОНСКИ РОМАНОТ „ДОЊА ПЕРФЕКТА“ НА ШПАНСКИОТ ПИСАТЕЛ БЕНИТО ПЕРЕС ГАЛДОС

Скопје, (Смарт.СДК.МК)

Излезе романот „Доња Перфекта“ на Бенито Перес Галдос, се смета за најславниот шпански романсиер по Сервантес и еден од главните претставници на шпанскиот реализам. Преводот на македонски јазик е на Ненад Велковски, а е издание на „Каста дива едиторијал“.

Романот зборува за Пепе Реј, човек со либерални идеи, кој планира да се ожени за својата братучетка Росарио. Бракот договорен од татко му Хуан и неговата тетка, доња Перфекта, предизвикува бурни промени во навидум мирниот град.

Галдос (Лас Палмас де Гран Канарија, 1843 – Мадрид, 1920), во неговите дела на интересен начин ги претставува конзервативците и либералите во Шпанија од XIX век.

„’Доња Перфекта’ е дело што ги исполнува најосновните начела на шпанскиот реализам од XIX век. Како по обичај, Галдос ни ја претставува со огромна веродостојност својата земја од тоа време: една Шпанија поделена меѓу традицијата и напредокот, меѓу неприфатливото и либералното“, вели издавачот.