ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА 75 ГОДИНИ „ТАНЕЦ“ НА 20 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ ќе промовира јубилејна монографија насловена „75 години Танец – Монографска презентација на архивската граѓа од архивот на НУ Ансамбл за народни игри и песни Танец“. Промоцијата ќе се одржи на 20 ноември од 18 часот во универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Автори се етнологот и антропологот Светлана Ќириќ и професорката Мирјана Мирчевска.

„Ова значајно издание, кое ги трасира богатиот пат и наследството на ‘Танец’ во текот на седум и пол децении, претставува ризница на документи, фотографии и сведоштва за неговата културна мисија како најзначаен презентер на македонското фолклорно творештво“, велат од „Танец“.

„Танец“ ќе одржи концерт насловен „Изворни минијатури“ на 22 ноември во Националната опера и балет. Ќе се играат автентични машки, женски и мешани ора и песни изведени во нивната интегрална форма.