Денеска во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во Скопје ќе биде промовирана новата сликовница за деца и возрасни „Девојче и мече“ од илустраторот и автор Ване Костуранов. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина-публикации“, е топла, сонувачка приказна за другарството и за растењето.
„Костуранов уште од мал повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, реши да си ја оствари сам, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство“, велат од издавачката куќа.
„Девојче и мече“ е втора сликовница на Костуранов, по наградуваната „Ѕвездено дете“.