ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦА ОД АНА ГОЛЕЈШКА И ДРАГАН КИТАНОВСКИ-ДРАШ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Книгата за деца „Веселата зграда“ од авторката Ана Голејшка-Џикова, илустрирана од Драган Китановски-Драш, ќе биде промовирана денеска во 18.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија во Скопје.

Сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку веселите стихови на поетесата Голејшка-Џикова и разиграните илустрации на графити уметникот Драш раскажува за жителите на една зграда со седум ката. Во неа, кат по кат, нè запознава со учителката во пензија Ката, Молња и Громче, електричарот чичко Ват, Јасна, Перо, мачорот Неро, магичната Вера, кученцето Луна и семејството гулапчиња.