Вечерва во 18 часот, во Културно-информативниот центар Скопје ќе биде промовирана сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова.
„Страшна ноќ“, кој се смета за еден од најубавите раскази во македонската книжевност, е дел од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа „Темплум“.
„Расказот на Јаневски со помош на ликовната техника на Андонова се претвора во сликовница која го привлекува вниманието на младите читатели, но не може да остане незабележана и од публиката од сите возрасти“, најавува „Темплум“.