„Лифт“ е името на наградата за стрип што ја воведуваат издавачката куќа „Темплум“ и „Охо“, а која за првпат ќе се додели утре во 20 часот во Младински културен центар.

На изложбата и во публикацијата ќе бидат претставени деветте најдобро оценети стрипови за 2018 година, од вкупно пристигнатите триесетина. Станува збор за стриповите на Никола Панов, Стефан Николовски, Оливер Цветковски, Лазар Ангелов, Виктор Гаврилоски/Магдалена Мирческа, Јована Велинова, Кристина Неделковска, Марија Николаевска и на Владимир Трајановски.

„Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум“, велат од „Темплум“.

Наградите за тројцата најдобро оценети и благодарниците за сите учесници ги изработи, во дрво, уметницата Калина Игновска.