Украдено шише водка, за која се вели дека е најскапа на светот, било пронајдено празно на едно градилиште во Копенхаген, соопшти данската полиција.
Шишето проценето на 1,3 милиони евра е направено од злато и сребро, со дијаманти на капачето, а му било позајмено од Летонија на еден колекционер на водки.
Тоа било украдено во средата, при што надзорните камери снимиле млад маж како го зема шишето од водката „Русо-Балтик“ и потоа бега од барот.
Шишето било пронајдено нескршено, меѓутоа испразнето.
„Не знаеме што се случило со водката, но шишето беше празно“, кажа портпаролот на полицијата на Копенхаген, Ријад Тоба.
Брајан Ингберг, од чиј бар била украдена водката, вели дека самото шише сѐ уште ја има истата вредност.
„За жал, празно е. Сепак, пресреќен сум што е пронајдено. Нѐ спаси бог на водката“, изјави Ингберг, додавајќи дека има зачувано малку од пијачката.