КЕЈТИ ПЕРИ И ОРЛАНДО БЛУМ ЗАЕДНО НА ОДМОР НА МАЛДИВИ

Лос Анџелес, (Пипл)

Поп пејачката Кејти Пери и холивудскиот актер Орландо Блум се заедно на одмор во лускузен ресорт на Малдивите, објави магазинот „Пипл“. Извор за магазинот открил дека двојката која раскина лани во февруари, била забележана на ручек во ресторанот во ресортот, во лежерна спортска облека.

Медиумите пренесуваат дека Пери имала концерт во Дубаи, и оттаму заминала за Малдиви, за да ги помине новогодишните празници со поранешното момче.

Фотографијата која кружи по социјалните медиуми и сајтовите, од Пери и Блум на Малдивите

Блум пак на Инстаграм објави фотографија на која носи слична блуза како на фотографијата со Пери, со пост на кој стои дека е благодарен на тоа што му носи 2018 година.

Пери неодамна изјави дека има луѓе кои доаѓаат и си одат од твојот живот, но убаво е, како што рече таа, луѓето кои ги сакаш, да ги држиш блиску до себе.

Нивен пријател изјавил дека двајцата се многу блиски и дека има шанси пак да бидат заедно.