ПРСТЕНЕСТИТЕ ВИКИНШКИ ТВРДИНИ ВО ДАНСКА ДОДАДЕНИ НА ЛИСТАТА НА УНЕСКО

Ријад, (УНЕСКО

УНЕСКО додаде 27 локалитети на својата листа на светско културно наследство на состанокот во Ријад, кои се наоѓаат во држави како Камбоџа, Индија, Чешка, Литванија, Германија, Русија, Монголија, Етиопија и Конго.

Меѓу нив се и прстенестите тврдини во Данска, кои потекнуваат од викиншко време. Зачувани се пет вакви тврдини и сите биле изградени од кралот Харалд Синозаб во периодот од 970 до 980 година. Првата од петте тврдини била пронајдена пред повеќе од 80 години.

Овие огромни тврдини делат униформен геометриски дизајн, биле сместени стратешки покрај важни копнени и морски маршрути и секоја од нив ги користела природната топографија и околниот пејзаж за одбранбени цели.

Тие претставуваат симболична демонстрација на централизираната моќ на династијата Јелинг и сведоштво за социо-политичките трансформации што ги претрпело данското кралство кон крајот на 10. век“, објави УНЕСКО.