Позлатениот саркофаг на Тутанкамон се реставрира за првпат по откривањето на гробницата во 1922. Реставрацијата почна на средината на јули, откако саркофагот беше пренесен во Големиот египетски музеј во Каиро од Долината на кралевите во Луксор, јужен Египет.

„Ви го претставуваме уникатниот историски артефакт, не само за Египет, туку за целиот свет“, рече министерот за антиквитети Калед ел-Енани на прес-конференција во новиот музеј.

Се реставрираат и повеќе артефакти од гробницата (Фото: АФП)

Ковчегот на младиот крал ќе биде изложен заедно со други артефакти до крајот на наредната година, кога музејот ќе биде отворен за јавноста. Се очекува реставрацијата да трае осум месеци.

Дрвениот позлатен ковчег е дол 2.23 метри, а како што рече министрот, во изминатиот век се појавиле пукнатини во позлатениот слој.