Исклучително ретка сина пчела, за која се веруваше дека е исчезната, повторно е откриена после четири години од истражувачите од Природонаучниот музеј на Флорида.
Инсектот познат под името сина каламинта пчела е ендемски вид за гребенот Лејк Риџ во Флорида и се движи на територија од само 25 квадратни километри.
„Бев подготвен на тоа дека веќе никогаш нема да ја видиме оваа пчела и затоа сега сум многу возбуден“, изјави ентомологот Чејс Кимел.
Освен по бојата, таа се карактеризира и по уникатен начин на собирање полен.
„Ја забележавме сјајно сината пчела како фаќа цвет и ја трие главата од неговиот горен дел два-три пати пред да летне на друг цвет. Тоа е единствено однесување во светот на пчелите. Иако докажавме дека и натаму постои, сѐ уште малку се знае за нејзините однесување и биологија“, додаде Кимел.