Европа полека се отвора и прилагодува на новата нормалност.

Во Македонија прво се отворија трговските центри. Тие имаат скратено работно време, од понеделник до сабота од 10 до 18 часот, задолжително е да се носи заштитна маска и да се држи растојание од два метра, а облека мора да се купува без пробување.

Берлин (Фото: Телеграф)

За првпат по седум недели, Берлин вчера ги отвори кафулињата, рестораните и киосците за храна. На луѓето од две различни домаќинства им е дозволено да седат на иста маса, но мора да држат дистанца од 1,5 метри. Се нуди ограничено мени, а вработените мора да носат заштитна маска.

Берлин (Фото: Гети)

Берлинската област Кројцбург планира целосно да забрани сообраќај во петоците и викендите, за да им овозможи на рестораните да се прошират на некои улици.

Кафулињата и рестораните од вчера повторно работат и во Виена и остатокот на Австрија. Масите мора да бидат оддалечени најмалку три метри една од друга и најмногу четворица возрасни можат да седат заедно. Работното време е до 23 часот.

Виена (Фото: АФП)