РЕТКА СНИМКА ОД КОМЕТА ИЗБРАНА ЗА АСТРОНОМСКА ФОТОГРАФИЈА НА ГОДИНАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Ретка фотографија од комета што веќе никогаш нема биде видена од Земја е прогласена за Астрономска фотографија на годината. Кралската опсерваторија Гринич во Лондон, која го спроведува изборот, ја опиша фотографијата како зачудувачка.

Таа покажува како се откинува парче од опашката на кометата Леонард, при што е однесено од соларен ветер. Кометата само кратко се укажа откако беше откриена во 2021 и веќе го напушти нашиот Сончев систем.

Кометите изгледаат различно секој час и се многу изненадувачки нешта“, изјави победничкиот фотограф Гералд Реман од Австрија.

Фотографијата била снимена за Божиќ минатата година од опсерваторија во Намибија, една од локациите каде што небото е најмрачно.

Жирито прегледало повеќе од 3.000 фотографии пред да го избере победникот.