Необична зебра со бели точки место ленти по телото беше забележана во Кенија и се верува дека е прва од таков тип во националниот резерват Масаи Нара.

Фотографот Рахул Сачдев прв ја снимил младата зебра овој месец и нејзиниот необичен изглед се должи на состојба наречена меланизам. Спротивно на албинизам, тој се јавува кога животно ќе се роди со нагласен темен пигмент во кожата.

Грбот на зебрата е целосно црн, а белите ленти ги има само на нозете.

„Кај оваа зебра вообичаените бели ленти не се развиле како што треба и место тоа, таа на кожата има мали бели точки и ленти“, вели водичот од паркот Ентони Тира.

Тој додава дека вакви зебри, за жал, не преживуваат долго во природа, најмногу околу шест месеци.

Во меѓувреме, зебрата доби и име – Тира, според презимето на водичот.