Делови на западна Африка, Арапски Полуостров, јужна Азија, јужна Кина и Тајван денеска уживаа во драматично помрачување на Сонцето. На повеќето локации тоа беше делумно, а само малкумина сведочеа на вистински „прстен од оган“.
При прстенестото помрачување Месечината поминува меѓу Сонцето и Земјата, но недоволно блиску до нашата планета за целосно да го прекрие Сонцето, оставајќи тенок ореол на светлината во својата максимална фаза.
Помрачувањето се совпадна со долгоденица – почетокот на летото и најдолгиот ден во годината, што за последен пат се случи во 2001 година. Следното ќе биде во 2039 година.
Прстенестото помрачување се случува еднаш годишно или во две години, кога може да се види од сам мал дел на планетата, познато како централна линија. Овојпат траеше помалку од 90 секунди во својот максимум.