РЕВИЈА И ЖУРКА СО ДАНИ ЗА 45. РОДЕНДЕН НА ГТЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Градски трговски центар (ГТЦ) утре со модна ревија и со настап на Дани ќе го прослави 45. роденден.

На ревијата ќе бидат претставени колекциите на дел од модните брендови кои се наоѓаат во ГТЦ.

„Пред речиси половина век, почна една приказна која силно го обележа и му даде печат на нашиот град. Се одлучивме овој роденден да го прославиме со модна ревија, оти токму ГТЦ за многу генерации претставувал прв контакт со модниот свет. Изминативе години, трговскиот центар беше запоставен, ова е првпат да се одржи една модна ревија на овој простор“, вели директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Градскиот трговски центар почнал да се гради на 11 октомври 1969 година. Првите дуќани биле отворени во подрумот во 1970 година, а свечено е пуштен во употреба во 1973 година.

А. АНТЕВСКА