В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев вчера си поднел оставка на ова место, со барање Судскиот совет да го разреши и тој да се врати назад во Врховниот суд како граѓански судија.
Причините за поднесувањето на оставката се од лична природа, потврди денеска Судскиот совет.
– Пред да си поднесе оставка Рибарев, бил на распит во предистражна постапка за злоупотреба на АКМИС-системот во Kривичниот суд.
– Судскиот совет го делегираше на оваа функција Рибарев во март годинава, по заминувањето на Татјана Михајлова од местото.
– Негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска.
– Со распоредот на Рибарев се изврши распределба на 17 обвиненија што ги поднесе СЈО.
– Рибарев ја напушта функцијата кога Основниот суд Скопје 1 треба брзо и непречено да ги оцени обвиненијата за „Тврдина“ и „Таргет“ и да го комплетира предметот за екстрадиција на уапсените во Солун Горан Грујевски и Никола Бошкоски.