Романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во Хрватска во издание на „Неолит“. Преводот на хрватски е на Ивица Баковиќ.
Делото кое беше прогласено за Роман на годината за 2021 претходно беше преведено и на бугарски и српски јазик.
„‘Денот на црвот‘ во тмурното расположение на доцната есен ги усложнува и испреплетува ликовите, случувањата и мотивите, доведувајќи го во врска она што само наизглед е неповрзано. Не било пишано, на почетокот на романот вели дождовниот црв, откако сосем случајно ќе остане жив. Она што е пишано во овој блескав првенец на Симона Јованоска, овенчан со наградата Роман на годината, во добра мерка е впишано меѓу редовите“, вели хрватскиот издавач „Неолит“.
Фото: СДК.МК