По повод Меѓународната недела на образование, утре од 17 до 19 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи четвртиот годишен Саем на колеџи во САД.
Во организација на американската амбасада во Македонија, настанот е отворен за јавност, а влезот на Саемот е бесплатен.
Дваесет претставници на амбасадата, вклучувајќи го и заменикот-шеф на мисијата, Микаела Швеицер-Блум, ќе презентираат различни аспекти од своите искуства на американски колеџ, а ќе одговараат и на прашања за високото образование во САД.
Истовремено, ќе можат да се добијат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, можностите за добивање стипендии од Владата на САД и за програмите на образовна размена.