Кантри пејачот Блејк Шелтон е прогласен за најсекси маж на планетата, во изборот на магазинот „Пипл“, што најмногу ја направи горда неговата девојка Гвен Стефани.

„Цел живот сум бил грд, но ако можам да бидам секси една година, со задоволство ја прифаќам титулата“, кажа 41-годишниот Шелтон.

Тој е голема ѕвезда на кантри музиката, што му донесе и улога на судија и ментор во популарното реално шоу за музички таленти, „Глас“.

„Нема да се однесувам скромно по добивањето на оваа титула, како Хју Џекмен, туку планирам да се фалам наоколу“, се пошегува Шелтон.

Шелтон и Гвен Стефани ја почнаа врската пред две години, набргу откако и двајцата се разведоа.

„Го направија вистинскиот избор. И досега бев среќна жена, а сега уште повеќе. Сега и јас покрај него ќе изгледам уште подобро“, изјави 48-годишната Стефани, која има три деца од бракот со рок-музичарот Гевин Росдејл.