САЕМОТ НА КНИГА СЕ ВРАЌА ВО СВОЈОТ ПРОЛЕТЕН ТЕРМИН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот Саем на книга се враќа во својот редовен, пролетен термин на одржување. Триесет и четвртото издание ќе се одржи од 3 до 9 мај во арената „Борис Трајковски“, под покровителство на Министерството за култура.

„Сите значајни домашни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови. Ќе има и средби со автори, како и промоции и попусти за време на саемските денови. Учество најавија и издавачки куќи од регионот“, соопштија организаторите.

Најавено е дека повторно ќе се организираат групни посети за учениците и училиштата.