ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛ ПОСВЕТЕН НА ИГОР МАЏИРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Театарот за деца и младинци, кој вчера го прослави 32. роденден, објави дека ќе организира Интернационален фестивал на детски театри, што ќе го носи името на покојниот актер Игор Маџиров.

„По 32 години успешна работа, бројни меѓународни награди и признанија и неколку рекордни изведби на претстави во нашиот театар, сакавме да ја продолжиме нашата приказна, создавајќи го овој фестивал, чија цел е промоција на детски претстави, работени од наши колеги од светот“, кажаа од ТДМ.

Првото издание ќе се одржи од 30 септември до 4 октомври во Скопје. Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум награди: Гран при награда за најдобра претстава, најдобра режија, најдобра машка улога и женска улога, најдобра сценографија и костимографија и специјална награда.

Фестивалот ќе има и придружна програма со работилници, семинари и дебати.