Само пет нови случаи на коронавирус се потврдени во Македонија во последните 24 часа, што е најмал дневен пораст од 16 март.
- Деведесет и четиригодишен кумановец е највозрасната жртва на КОВИД-19 во земјата досега, а позитивен тест имала и 69-годишна жена од Струга, која починала на 29 април.
- Од последиците на коронавирусот досега починаа 84 луѓе во Македонија.
- Од направените 249 тестирања во последните 24 часа, само пет биле позитивни, што е најмала бројка новозаразени уште од 16 март.
- Три нови случаи се во Скопје и по еден во Куманово, Прилеп и Тетово.
- Во Македонија досега се регистрирани 1.511 случаи на коронавирус, од кои 482 се активни.
- Оздравеле уште 95 заразени, со што вкупната бројка порасна на 945.