СЕ БОРАМ СО АРТРИТИС И УЧАМ ДА СВИРАМ ПОИНАКУ, ВЕЛИ ГИТАРИСТОТ НА „РОЛИНГ СТОУНС“, КИТ РИЧАРДС

Лондон, (Гардијан)

Кит Ричардс вели дека го променил начинот на свирење гитара и дека отсега му се отвора нова врата. Гитаристот на „Ролинг стоунс“ се бори со артритис, кој влијаеше на начинот на кој свири.

„Чудно е, немам никаква болка, тоа е еден вид бенигна верзија. Мислам дека ако малку успорив, тоа веројатно повеќе се должи на возраста. Исто така, ми беше интересно кога ќе речев дека не можам повеќе да го правам тоа, гитарата ќе ми покажеше дека има друг начин на свирење. Некој прст ќе оди на едно место поинаку и така штотуку ми се отвори сосема нова врата“, изјави тој за „Би-Би-Си радио 4“.

„Ролинг стоунс“ неодамна го претстави својот прв албум со оригинален материјал од 2005 година и прв по смртта на тапанарот Чарли Вотс. „Hackney Diamonds“ ќе содржи 12 песни и ќе биде објавен на 20 октомври.

Ричардс (79) изјави дека одлуката да се вратат во студио дошла кога Мик Џегер го предложил тоа минатата година, на крајот на турнејата на која бендот го славеше 60. роденден.

„И за првпат ме погоди на вистинското место. Отсекогаш сум сакал да снимам албум веднаш откако ќе завршиме со турнеја зашто бендот тогаш е подмачкан“, кажа Ричардс.

Гости на албумот се Лејди Гага и Стиви Вондер.

(Фото: Гети)