СЈО ОСТАНУВА НА ИСТОТО ОБВИНЕНИЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „МОНСТРУМ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна повтореното судење за петкратното убиство на Смилковско Езеро во април 2012 година, случајот „Монструм“, што по укинувањето на претходната пресуда од страна на Врховниот суд, го презеде Специјалното јавно обвинителство.

СЈО притоа останува на речиси истото обвинение за извршен тероризам.

  • На 12 април 2012 година, на Смилковско Езеро беа убиени децата Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и рибарот Борче Стефковски.
  • Обвинителката Фатиме Фетаи по читањето на обвинението најави дека ќе бидат изнесени некои нови докази за случајот.
  • На првиот ден од судењето сведочеа третообвинетиот Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, обвинет дека ги превезол двајцата главнообвинети на Косово.
  • Алил Демири и Африм Исмаиловиќ избегале на 26 април преку граничниот премин Кодра Фура, кадешто е пронајдено возилото „опел астра“. Азири потврди дека дента имал контакт со Демири, но даде конфузни изјави што правел тој ден.
  • Судењето продолжува на 23 мај, кога ќе бидат сослушани другите двајца обвинети, додека двајца остануваат недостапни за македонските власти веќе шест години.