Вечерва во 21 часот, во Кино Култура премиерно се игра претставата „Непознато“, трета продукција на Скопје танцовиот театар за годинава.

Претставата се состои од две кореографии: „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато – фрагменти на извонредна машина“, работена по идеја на Александра Петрушевска.

Во првиот дел настапуваат Петрушевска, Адријана Данчевска и Анастасија Данчевска, оригиналната музиката е на Борко Биџовски, а користени се и фрагменти од операта „Лакме“ на Лео Делиб.

Во „Непознато – фрагменти на извонредна машина“ настапуваат Данчевска, Матеа Киселичка, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Александра Петрушевска, Јована Зајкова, Бобан Русески, Сара Цветкова и Тереза Лазарев.