Од денеска, Скопје танцов театар секој ден во 18:30 часот бесплатно ќе емитува претстави од сопствената продукција, во периодот на изолација како превентивна мерка од ширењето на коронавирусот.

Претставите ќе се прикажуваат преку Јутјуб каналот Skopje Dance Theater.

Денеска е онлајн премиера на „СМС“ (SMS – Soul, Mind and Something Else), во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, по музика на Дуке Бојаџиев. Играат танчарите на Скопје танцов театар, а костимите се на Благој Мицевски. Премиерата беше во април 2015 година.