Бројот на активни случаи на коронавирус во земјата повторно го надмина бројот на оздравени лица откако денеска се регистрирани 175 новозаразени, само пет помалку од рекордот поставен на 5 јуни.

  • Тројца пациенти од Скопје на возраст од 59, 60 и 64 години, 72-годишен прилепчанец и 72-годишен гостиварец починаа од последиците на коронавирусот.
  • Трагичниот биланс со тоа порасна на 169 мртви.
  • Нови 175 случаи на коронавирус се потврдени во Македонија (од 971 тестирање), дури 50 повеќе во однос на вчера.
  • Најголем дел од оваа бројка отпаѓа на Скопје – 131, па следува Куманово со 24.
  • Од почетокот на кризата, во Македонија има вкупно 3.538 заразени.
  • Од тоа, 1.687 се активни случаи, кои сега повторно ги има повеќе од оздравени лица (1.682).